Архимандрит Партениј и Сотировски разговараа за одблежувањето на големиот јубилеј на Бигорски
Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир.
-На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање. Сите присутни изразија особена желба и подготвеност да излезат во пресрет за подготовките за јубилејот, додаваат од Бигорскиот манастир.
Посочуваат дека на ова прва средба околу одбележувањето на јубилејот, било одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, кое што ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.
Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин.
Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола