Аргентинците гласаат на прелиминарни избори за претседател
Аргентинците денеска гласаат на прелиминарни избори за да номинираат кандидати за претседателските избори во октомври.
Како што јавуваат локалните медиуми, тоа ќе биде гласање со неизвесен исход за одредување на наследникот на шефот на државата од левиот центар Алберто Фернандез.
Повеќе од 35 милиони гласачи се повикани да ги изберат и партиите што ќе влезат во трката за претседателските избори на 22 октомври – за кои е потребно да добијат 1,5 отсто од гласовите на национално ниво – и нивните кандидати.
На изборите учествуваат 22 кандидати за претседател и потпретседател, а само половина од нив ќе останат во трката вечерва. Актуелниот шеф на државата Фернандез, кој е крајно непопуларен, не се кандидираше повторно.
Во 2019 година, примарниот изборен резултат на Алберто Фернандез – единствениот прелиминарен кандидат од таборот на Перонистите – ја најави неговата победа на претседателските избори над Маурицио Макри.
Заедно со претседателските кандидати, Аргентинците денеска однапред гласаат и за кандидати за Домот на пратеници и Сенатот, чиј состав делумно ќе биде обновен на вистинските избори на 22 октомври.
Аргентина, третата по големина економија во Латинска Америка со голем земјоделски и суровински потенцијал, веќе 12 години е со двоцифрена инфлација (115 отсто годишно), огромен долг кон ММФ и 40 отсто сиромаштија.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
