Фудбал
16. јуни 2019 - 11:12

Аргентина стартуваше со пораз во Копа Америка

Аргентина на отворањето на Копа Америка беше поразена со 2-0 од Колумбија.

Ваков старт со пораз на американското првенство на Аргентинците последен пат им се случило пред точно 40 години, во 1979 година, а на Колумбија и требаа 12 години за да оствари победа над Аргентина.

Што се однесува до играта на теренот, може да се каже дека целиот натпревар беше решен во последните 20 минути, и тоа од резервистите Роџер Мартинез во 71-та и Дуван Запата во 85 минута од натпреварот.

Во Групата Б, прва на табелата е Колумбија со 3 бодови, Аргентина е без бодови, а Парагвај и Катар првиот натпревар во Копа го играат вечерва во 21 часот.