Араухо му се извини на Еспањол
Фудбалерот на Барселона, Роналд Арухо, кој му покажа два прста на противникот, алудирајќи на испаѓање во Втора лига, се извини за своето однесување на синоќешното дерби со Еспањол (2:2).
Дваесет и двегодишниот Уругваец, кој беше заменет по првото полувреме, имаше конфликт со Нико Меламед на крајот од натпреварот доби црвен картон по пресметката со дефанзивецот на Барса, Жерар Пике. Меламед се упатуваше кон соблекувалната, Арухо му покажа два прста.
– Сакам да им се извинам на сите луѓе на Еспањол за мојот лош гест. Тоа се случи како резултат на тензијата доживеана за време на едно вакво контроверзно дерби. Ги почитувам противниците и клубовите, така што воопшто не сум горд на тоа што се случи, напиша Араухо на Твитер.
Еспањол по 24 кола во Ла лига се наоѓа на 13.место со 28 бодови, осум повеќе од Алавес кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
Ново на Сител
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
