Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел

Арапските и муслиманските земји синоќа остро ги осудија изјавите на американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој тврдел дека Израел има право на голем дел од Блискиот Исток, објавија светските агенции.
Хакаби ги даде контроверзните коментари во интервју со конзервативниот коментатор Такер Карлсон, кое се емитуваше завчера. Карлсон изјави дека, според Библијата, потомците на Авраам треба да ја добијат земјата што денес би го опфаќала речиси целиот Блиски Исток, по што го праша амбасадорот дали Израел има право на таа територија.
„Би било во ред се тоа да го земат“, одговори Хакаби, но додаде дека Израел не сака да ја прошири својата територија и дека има право на безбедност на земјата што легитимно ја поседува. Неговите изјави предизвикаа непосредна и остра реакција од соседните Египет и Јордан, Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, Организацијата за исламска соработка и Арапската лига.
Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија ги опиша коментарите на Хакаби како „екстремистичка реторика“ и „неприфатливи“ и го повика Стејт департментот да ја разјасни својата позиција.
Министерството за надворешни работи на Египет ги нарече неговите изјави „отворено кршење“ на меѓународното право, додавајќи дека „Израел нема суверенитет над окупираната палестинска територија или други арапски земји“.
„Ваквите изјави – екстремистички и без никаква основа – служат само за разгорување на страстите и поттикнување на религиозни и национални чувства“, соопшти Арапската лига.
Досега нема реакција од Израел или САД.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
