Арапска лига го предупреди Израел: Си играте со оган

Арапската лига денеска го обвини Израел дека си „игра со оган“, со воведувањето камери како нова мерка за безбедност пред големите светилишта на Ридот на храмот, што го посетуваат и Евреите и муслиманите во Ерусалим.
„Ерусалим е црвената линија. Ниту еден Арап или муслиман нема да прифати насилство врз светилиштето“, рече шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, во соопштение пренесено од француските медиуми.
Како што претходно денеска пренесоа медиумите, израелската полиција постави напредни надзорни камери на Лавовската врата, на влезот во Ридот на храмот, во Стариот град на Ерусалим, кои, наводно, можат да идентификуваат вооружени лица при обид да влезат на подрачјето на светилиштето.
Кај Лавовската врата на 14 јули имаше терористички напад, кога вооружени Палестинци убија двајца израелски полицајци откако прошверцувале огнено оружје.
Камерите се поставени во ноќта меѓу саботата и неделата и претставуваат дел од современата технологија што има можност да ги идентификува оние кои се обидуваат да внесат оружје без детектор за метал, јави „Тајмс оф Израел“.
Американските медиуми пренесоа дека Израел наведува дека камерите се „алтернатива“ за металните детектори, чие поставување предизвика насилства во ова подрачје во текот на викендот, додека Палестинците оваа безбедносна мерка ја гледаат како обид на Израел да оствари поголема контрола врз светилиштето.
Абдул Геит ја обвини израелската Влада за „авантуризам“, наведувајќи дека нејзините потези можат да покренат „криза во светот на Арапите и муслиманите“.
Ново на Сител
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
-

ЗЈО за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите
-

Португалците загрижена за ситуацијата во Мексико во пресрет на мартовскиот пријателски натпревар
-

„Пиротехниката веќе беше поставена, не знам кој ја активирал“ – сведочи гитаристот на ДНК
-

Од денес Кичево е град на културата
