Балкан
27. March 2018 - 15:13

Арапите со најголеми инвестиции во Црна Гора

 Странски инвеститори од над 70 земји минатата година во Црна Гора вложиле нето 474 милиони евра, што е 100 милиони евра повеќе отколку во 2016 година.

На прво место се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 112.6 милиони евра инвестирани во Црна Гора, на второ место е Италија со 78,5 милиони, а на трето место е Азербејџан со 66,1 милион евра. Русите се наоѓаат на четврто место по вложување во Црна Гора со 61,8 милиони евра, покажуваат податоци на Централната банка.

Од ОАЕ најмногу или 86,7 милиони евра се вложени во црногорски претпријатија и банки. Русите и натаму најмногу вложуваат во недвижности - 41,8 милиони.

Од земјите од регионот најмногу инвестирала Србија - 30,5 милиони евра. Македонија вложила во Црна Гора 474.000 евра.