Арагчи: Иран нема да се откаже од нуклеарните права

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вчеравечер соопшти дека доколку стремежот на САД е да му ги ускратат нуклеарните права на Иран, Техеран никогаш нема да попушти.
Арагчи ја даде оваа изјава во Доха, еден ден пред следната серија планирани нуклеарни преговори меѓу Иран и САД во Оман.
„Ако целта на разговорите е да му се одземат нуклеарните права на Иран, јасно изјавувам дека Иран нема да се откаже од ниту едно од своите права“, рече Арагчи.
Техеран континуирано потенцира дека има легитимно право да врши збогатување на ураниум за цивилни цели и го отфрла барањето за „нулта збогатување“ од страна на одредени американски функционери.
Меѓутоа, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во интервју претходниот ден рече дека иранските постројки за збогатување ураниум „мора да бидат демонтирани“ во рамки на евентуален договор со САД.
Ново на Сител
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
