Македонија
13. March 2019 - 13:18
Арачиново: Малолетник изгуби контрола над возилото и прегази тројца
До нашата редакција пристигна видео снимка на која се гледа како автомобил БМВ се движи брзо и неконтролирано, а во еден момент удира во луѓе кои седат на тротоар пред една продавница во скопско Арачиново.
Според информациите кои ни ги испрати наш читател, несреќата се случила во понеделникот 11 март, а автомобилот го управувало малолетно лице.
Еден од прегазените бил на околу 75 годишна возраст и со тешки повреди е префрлен на една од скопските клиники.
Од МВР се уште нема информации за несреќата.
-->
-->