Македонија
12. February 2020 - 10:26

Апсење на автопатот Демир Капија - Неготин, пронајдени 22 мигранти во „Рено Мастер“

Вчера  во 23.45 часот на автопатот Демир Капија - Неготино од слобода бил лишен С.З.(43) од Р.Србија, кој управувал товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 лица-мигранти (двајца од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан).

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.