Loading Video...
Свет
14. September 2019 - 19:11

Апсења во Бугарија заради трговија со човечки органи

Бугарските власти уапсија  4 лица за  трговија со човечки органи. Обвинети се  тројца мажи и една жена, сите државјани на Бугарија.

Двајца од уапсените имале за задача да пронајдат донори од Софија и Монтана  кои за пари ќе дадат еден свој бубрег за пациенти на кои им е потребна трансплатнација. Донорите добивале  од 5 000 до 7 000 евра.

Тоа се сиромашни луѓе , најчесто од малцински групи и со голем финансиски долг изјави портпаролката на специјалното обвинителство на Бугарија. Истрагата утврдила дека  најмалку 5 пациенти   на тој начин добиле бубрег за трансплантација од февруари годинава. Останатите уапсени од групата  според полицискиот извештај обезбедувале фалсификувани документи според кои  донорот и пациентот се во сродство а потоа со тие документите биле носени во една турска клиника за прегледи  и операциии. Тарифата на криминалната група по пациент била од 50 000 до 100 000 евра.