-->
-->
„Априлијада“ во Велес
-->

По повод Денот на шегата-1 Април денеска во Младинскиот парк во Велес се одржа традиционалната „Априлијада“.
Во организација на општина Велес, децата од градинките и од основните училиштата продефилираа во шарени костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.
Дуњамин Мехмед од службата за информирање на општина Велес изјави дека целта на оваа манифестација и годинава беше децата да бидат креативни во изработката на костими и маски и да се дружат со останатите свои врсници од градот.
Македонка Виларова, општински инспектор за образование оцени дека традиционалната „Априлијада“ е многу успешна и весела манифестација која со нетрпение ја очекуваат најмладите од градот.
- Им благодарам на воспитувачите, наставниците и родителите кои се вклучија во изработката на интересни и креативни костими и маски и така дадоа свој придонес за одржување на денешната весела и шарена манифестација, посвете на на Денот на шегата, потенцира Виларова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
