Апостолска - Јанакакис: Постои простор за унапредување на економската соработка

Постои простор за унапредување на бизнис врските, оценија денеска министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и амбасадорот на Република Грција Димитрис Јанакакис.
На средбата, како што соопшти Владата, Апостолска го информира Јанакакис за позитивното искуство од зачестените контакти со претставниците на грчката бизнис заедница, истакнувајќи дека економски партнерства треба да се развиваат независно од политичките предизвици.
Јанакакис, пак, нагласи дека постојат многу перпективи пред бизнис заедниците од двете земји.
Во текот на разговорот стана збор и за економското значење на Коридорот 10 за двете земји. Се потенцираше дека довршувањето на автопатското и железничко поврзување ќе создаде дополнителни позитивни услови за зајакнување на врските помеѓу бизнис заедниците.
Ново на Сител
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
