Апокалиптични сцени во Русија: Мртви птици паѓаат од небо
На руските социјални мрежи корисниците споделија видеа на кои се гледа како десетици мртви птици паѓаат од небото и лежат по улиците на градот Балаково, каде што има нуклеарна централа, пишува Раша Тудеј (РТ).
Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа В контакти, на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва и во чија близина има голема нуклеарна централа.
Во коментарите под сликите, локалните жители наведуваат голем број теории за тоа што можело да предизвика масовна смрт кај птиците.
Додека некои укажувале на природни феномени, како што се силни ветрови или судир на две јата, други обвинија огномети, загадување, па дури и 5Г мрежа, иако таа сè уште не постои во Русија.
Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека хит телевизиската серија на ХБО „Чернобил“ чија тема е нуклеарната катастрофа од осумдесеттите, почнува со умирање на птици.
Ново на Сител
-
Ќе има ли нови рестриктивни мерки - Утре седница на Комисијата за заразни болести
-
Тема на денот со професор Томе Неновски: Зошто НБРМ им забрани на банките да исплаќаат дивиденда?
-
Трае проблемот со охридската пастрмка
-
Што плаќаат граѓаните во сметките за струја?
-
Нестороски му донесе победа на Удинезе против Фиорентина
-
Вратен капарот за кинеските вакцини, министерството тврди дека договорот не е откажан
-
Утре почнува пописот со попишување на затворениците во Куманово и бездомниците во Чичино село
-
Георгиевски со скандалозен план во 5 точки за деблокада на односите со Бугарија