Свет
29. July 2018 - 18:38

Апокалиптични сцени од Кина: Песочни бранови проголтаа град за само неколку минути

Огромна песочна бура протатне низ кинескиот град Голмуд.

Апокалиптичните сцени, кои ги снимија жителите покажуваат облак од песок повисок од 50 метри како го прекрива градот Голмуд во провинцијата Чингхај.

Песочниот облак го следеше и силен ветер и градот за само неколку минути беше прекриен со прашина. Сцените потсетуваа на оние од хорор филмовите.

Како што известува кинеската централна телевизија бурата урнала дрвја, и нанела големи штети. Видливоста била намалена и тоа под 600 метри во градот и под 100 метри во предградијата.

Полицијата ги предупредуваше возачите преку разглас и со светлосни сигнали да возат полека. Засега нема извештаи за евентуални жртви.