Македонија
29. July 2021 - 16:59

Аплауз за Резолуцијата за црвените линии со Бугарија, 95 пратеници гласаа „за“

Собранието едногласно  ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линиии на Македонија во разговорите со Бугарија. Поддршка даде и власта и опозицијата и македонскиот и албанскиот блок. По барање на СДСМ  во документот беше вметнато и уставното име на државата, но за ова опозицијата се изјасни против.

Предлагачите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека парламентот добил шанса да покаже единство  во име на националните интереси.

За владејачката СДСМ ова е добра можност да се отфрлат лажните вести за преговори со идентитетот.

За Левица во документот недостасува и заштита на македонското малцинство во Бугарија, но е добра основа за понатаму.

Албанскиот блок ја прифати резолуцијата во име на евроинтеграциите, но дел од нив и со барања за заштита на албанскиот идентитет во Уставот.

Резолуцијата има 8 точки и ја обврзува Владата во преговорите да го штити македонскиот јазик и идентитет согласно фактите утврдени со македонската и светската наука.