Македонија
23. August 2024 - 12:58

Апелација пресуди дека Телеком треба да плати 4 милиони евра на човек-фирма, на потег е Судскиот совет

Со пресуда на Апелација Македноски Телеком треба да плати оштета на штипска човек-фирма од 4 милиони евра.

Соработката помеѓу штипската фирма Фокуснет и Македонски Телеком датира од 2001 и 2002 година кога бил склучен договор за изнајмување на интернет капацитети, договор кој бил раскинат од страна на Телеком поради неисплатени долгови.

По долгогодишен судски спор од 2008 година, Скопскиот граѓански суд пред две години ја одбил тужбата на штипската фирма против Телеком откако утврдиле дека се работи за фирма без имот, без основни средства, без приходи, со еден вработен и со блокирани средства.

Сепак вакавата пресуда минатиот месец Апелација ја преиначува во корист на штипската фирма која наместо првично побараните 2 милиони евра, сега треба од Телеком да добие двојно поголема отшета од 4 милиони евра. Пресудата е донесена без одржување на јавна седница и во период во кој повеќе пати биле менувани членовите на судечкиот совет, но не и главната судијка известител.

Како е донесена оваа пресуда ќе испитува и Судскиот совет, по претставка која според наши информации е поднесена од Македонски Телеком во која  тие изразуваат сомнеж за повзаност помеѓу судијката од предметот со штипската фирма. Во претставката меѓу другото стои и дека блокираната сметка на штипската фирма е повторно активирана, само еден месец пред донесување на пресудата, што според нив укажува дека имале информации за исходот од судката постапка. 

Македонски Телеком ги превзеде и понатаму ќе ги превзема сите правни дејствија за заштита на интересите на компанијата според важечките закони, се вели во ставот кој го добивме од компанијата

 Во таа насока, компанијата ќе соработува со сите релевантни и надлежни институции. Веруваме дека владеењето на правото и доследната примена на законите се највисоки вредности во секое општество и дека секое напуштање на тој принцип ќе биде идентификувано и соодветно коригирано во корист на сите чинители во општеството, посочуваат од Македонски Телеком.