Апелација одлучува по жалбата на Јанкулоска за „Тенк“
Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Јанкулоска за предметот „Тенк“ на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор. Судењето за Јанкулоска беше одвоено откако се породи.
При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.
Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и пол години затвор.
Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.
Ново на Сител
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ