Апелација не расправала за притворот на Боки 13
Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.
Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.
- Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд.
Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, кои се наоѓаат во домашен притвор.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор