Апелација ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен - возачот ќе оди во затвор
Апелациониот суд ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен ресторан и одлучи Васил Чорбаџиев да оди две години и два месеци во затвор. Исто така доби и забрана да управува со возило. Станува збор за сообраќајната несреќа од октомври пред две години што ја предизвика Чорбаџиев кога со неговиот автомобил преминал преку две полни ленти, вртејќи во забранет правец. Во сообраќајката загина, Гоце Димитриевски кој во тој момент управувал со мотор. Неговата сопруга Наташа се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Лани во септември, првостепениот суд го осуди Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност. Пет месеци подоцна Апелација ја преиначи првостепената пресуда.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ