Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“
Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.
-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година, соопшти денеска скопска Апелација.
Вака донесената одлука, како што се наведува во соопштението, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
Заев очекуваше и доби ослободителна пресуда во овој судски процес во мај минатат година, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Ново на Сител
-
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
-
МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
-
Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
-
Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа
-
Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)
-
Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца
-
Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград
-
Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда