Македонија
4. April 2016 - 16:57

Апелациja ja одби жалбата на СЈО за притворот на Г.Г.

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли како недозволена жалбата на Специјалното јавно обвинителство за домашниот притвор  на осомничениот Г.Г. во случајот „Тврдина“. 

- Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 01.04.2016 година при овој суд, донесе решение со кое истите се отфрлаат како недозволени, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Во образложението на решението на скопскиот Апелациски суд стои дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОК-КС бр.39/16 од 01.04.2016 година не е донесено во прв степен за да по истото биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП.

- Со ова решението на Основен суд Скопје 1  - Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г.  да биде префрлан во куќен притвор, се наведува во соопштението.