Македонија
15. February 2023 - 11:56

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на самохрана мајка на две дечиња од кои девојчето (6) со чести епилептични напади

Цвета Кузмановска од село Орешани, неодамна го загуби својот сопруг и остана самохрана мајка со две малолетни деца, момче 8 години и девојче 6 години кое од неодамна има здравствени проблеми и чести епилептични напади. Здружението Патриотско Друштво и наставниот кадар од училиштето во селото се грижи за обезбедување храна и основните потреби за живот, но за сите други трошоци, Цвета и нејзините деца имаат потреба од хумани граѓани. По барањето за помош кое стигна до нас, заминавме во нејзиниот дом да ги посетиме и поразговараме за потребите и пробемите кои ги имаат. Цвета вели додека беше жив сопругот се мачевме се боревме, кратевме од нас за да има за нив, но сега е многу тешко да се обезбеди дури и најнеопходното.

Иако има само 6 години малото девојче е свесна за ситуацијата во која се наоѓаат и често дел од своите барање ги сокрива за да не ја растажува својата мајка, но голема главоболка мајката е влошената здравствена состојба на малото девојче и честите епилептични напади кои и создаваат проблеми.

Благодарејќи на хуманитарните акции на патриотоско друштво и на голем број хумани граѓани, успеаја да направат пристоен тоалет и да ги заменат вратата и прозорците, но голем проблем е кровот кој бара целосна санација, затоа што при секој обемен дожд, водата навлегува во домот.

На целата мака и потреби кои ги имаат како семејство е и тоа што е невработена а заради грижата за децата и неможноста кој да ги чува не е ниту во можност да има постојана работа, па единствен спас за семејството е хуманоста на луѓето.

Цвета во наследство има и голем кредит кој е закана по егзистенцијата а сумата единствено може да ја подмират преку помош на хумани луѓе.

И покрај сите проблеми и потешкотии децата се полни со живот и енергија и благодарна на секоја помош што ја имаат, а секој хуман граѓанин кој сака да помогне на семесјството Цветковски од Орешани, може да ја контактира Цвета на телефонскиот број 077-989-551 или на трансакциската сметка 200003962828680, Златко Кузмановски.