Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата

ЈП Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка.
- Дневното производство достигнува и над 350 000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопшти јавното претпријатие.
Укажува дека „ваквата енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем“.
- Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, стои во апелот на скопски Водовод.
Претпријатието ги повикува граѓаните на главниот град и доколку забележат какво било истекување на вода, да пријават на телефонскиот број 02 3073 010 или на kontakt@vodovod-skopje.com.mk и www.vodovod-skopje.com.mk
МИА
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
