Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.
Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.
Ги потсетуваме нашите државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Информираме дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.
Ново на Сител
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
-

МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
