-->
-->
АО:Ѓоковиќ против Раониќ и Надал на патот до финалето
-->
Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Аустралијан Опен ќе ја започне против Шпанецот Фернандо Вердаско, додека првиот носител на грен слемот во Мелбурн Енди Мари на стартот ќе се сретне со Украинецот Иља Марченко.
Шесткратниот победник на Аустралијан Опен, Новак Ѓоковиќ, турнирот ќе го отвори против Шпанецот Фернандо Вердаско. Србинот и Шпанецот се сретнаа пред десетина дена во полуфиналето на турнирот во Доха, победи Ѓоковиќ со 2:1, откако во вториот сет успеа да спаси пет меч топки.
Доколку победи во првото коло, веројатен противник на Србинот во втората рунда ќе биде Денис Истомин, а во неговата половина на костурот се наоѓаат третиот светски рекет Милош Раониќ односно Рафаел Надал.
Енди Мари кој прв пат во кариерата на еден грен слем ќе настапи како прв носител, во првото коло ќе игра против Украинецот Иља Марченко, а во второто коло потенцијален ривал му е Јан-сун Лу.
Третото коло на Мари најверојатно ќе му го донесе Американецот Сем Квери, кој на последниот Вимблдон го елиминира Ѓоковиќ, а потенцијален ривал во четвртфиналето ќе му биде Роџер Федерер, доколку Швајцарецот во осминафиналето го победи Кеи Нишикори. Во делот од костурот каде се наоѓа Марие е и четвртиот играч на АТП листата Стан Вавринка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25