-->
-->
АО: Падна најголемото изненадување, елиминиран Ѓоковиќ
-->

Узбекистанецот Денис Истомин го направи едно од најголемите изненадувања во изминатата деценија на грен слем турнирите откако во второто коло го елиминира бранителот на титулата и шесткратниот освојувач на Аустралијан Опен, Новак Ѓоковиќ.
Узбекистанецот кој се наоѓа на 117-то место на АТП листата ја оствари најголемата победа во својата кариера и по речиси пет часа игра славеше со 3:2 (7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4). Истомин е првиот тенисер кој не е меѓу најдобрите 100, а кој успеал да го победи Србинот на некој од грен слем турнирите.
Ѓоковиќ, кој во Мелбурн има шест титули, од кои четири во последните четири години, само во 2008 година испаднал во второто коло на Аустралијан Опен.
„Жал ми е за Новак, но денес играв одлично. И јас сум изненаден од моето издание. Ова е мојата најголема победа, сега се чувствувам дека можам секого да победам“, рече Истом по мечот на централниот терен во Мелбурн.
Првиот сет кој траеше 88 минути и кој Истомин го доби во тај-брејк го одреди понатамошниот тек на мечот. Ѓоковиќ потоа ги доби наредните два сета, а во третиот најави дека ќе може да го победи жилавиот Узбекистанец.
Сепак третиот сет беше се што направи Ѓоковиќ на овој меч, Истомин повторно го крена нивото на својата игра, со секој поен растеше неговата самодоверба, одигра сигурен тај-брејк во четвртиот сет, израмни на 2:2, а во петтиот сет клучен беше брејкот кој Истомин го направи во шестиот гем.
Денис Истомин во третото коло ќе игра против Пабло Крењо-Буста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
