Тенис
25. January 2017 - 8:41

АО: Лучиќ-Барони се избори за полуфинале по 18 години

Хрватската тенисррка Мирјана Лучиќ - Барони успеа да се пласира во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн, Австралија опен. Ова за неа е прво полуфинале по 18 години откако играше на Вимблдон 1999 година. Таа во четвртфиналето денеска ја победи Каролина Плискова од Чешка (5.носителка) со 2-1 во сетови (6:4; 3:6; 6:4).

Нејзина ривалка за пламсан во финалето ќе и биде Американката Серена Вилијамс која со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3) ја совлада Џоана Конта од Велика Британија. Вилијамс ќе го игра своето осмо полуфинале во Мелбурн, а има шеста шампионски титули и само еден пораз во финалето лани од Германката Анжелик Кербер.
Во првото полуфинале ќе играат Американките Венус Вилијамс и Коко Вандервеге.