AO: Циципас немоќен против Надал
Рафаел Надал го декласира Стефанос Циципас во полу-финалето на Австралија опен. Шпанецот за еден час и 46 минути го победи грчкиот тенисер со 6/2, 6/4, 6/0. Надал има беспрекорен учинок во досегашниот тек од турнирот, досега не загуби ниту еден сет, а на противниците им дозволи само два брејка.
Надал, против 21-годишниот Циципас кој во осмина-финалето го елиминираше Роџер Федерер, ја демонстрираше својата моќ и во ниту еден момент не му дозволи на Гркот да почувствува дека мечот може да има поинаков исход.
Дел од квалитетите Циципас покажа само во вториот сет, во кој потклекна во деветтиот гем кога Надал направи брејк.
Во првиот, а особено во третиот сет на теренот постоеше само Надал. Првиот го реши на почетокот, со брејк во третиот гем, а во третиот не му препушти ниту гем на противникот.
Надал в недела шести пат ќе игра во финалето на Австралија опен. Во претходните пет финалиња победил само еднаш, во 2009 година.
Противник во финалето ќе му биде победникот од второто полу-финале во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ и Лука Пуи. Овие двајца ќе се соочуват утре, од 9.30 часот по македонско време.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ