АО: „Чист пат“ за Ѓоковиќ до финалето
Новак Ѓоковиќ со најголемите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер може да се сретне само во евентуалното финале на Австрлија опен. Ждрепката, која беше извршена утрово по средно-европско време, како најсериозен ривал на Ѓоковиќ му го донесе Александар Зверев. Проетираниот дуел на овие двајца е во полу-финалето.
Ѓоковиќ патот до евентуалната седма титула на Австралија опен ќе го започне во дуелот со квалификант. Името на противникот ќе го дознае в петок кога ќе завршат квалификациите во Мелбурн.
Во второто коло Србинот ќе се соочи со Жо-Вилфред Цонга или Мартин Клижан, веројатен противник во третата рунда му е Денис Шаповалов, во осмина-финалето ќе оди на Давид Гофан или Данил Медведев, а во четврт-финалето проектиран противник му е Кеи Нишикори.
Надал и Федерер се наоѓаат на спротивната страна од костурот. Федерер во првата рунда ќе игра против Денис Истомин, а во втората рунда ќе се соочи со квалификант. Во третото коло можем противник на Швајцарецот е Гаел Монфилс.
Доколку нема изненадувања, во четвртото коло Федерер ќе го чека Стефанос Циципас или Николоз Басашвили, а во четврт-финалето потенцијални противници ќе му бидат Роберто Баутиста-Агут, Марин Чилиќ, Карен Хачанов, можеби и Енди Мареј.
Британецот Мареј, кој полека се враќа на големата сцена, немаше среќа со ждрепката. Него во првата рунда го чека Баутиста-Агут, човекот кој минатата недела го победи Ѓоковиќ во полу-финалето на турнирот во Доха, а потоа против Бердих и ја освои титулата.
Надал не би требало да има тешка задача во првите две рунди, каде треба да игра против Џејмс Дакворт и Јан-Ленард Штруф. Можен ривал во третото коло му е домашниот играч Алекс де Минор, а во осмина-финалето проектиран е дуелот со Диего Шварцман или Џон Изнер.
Кивени Андерсон, Грогор Димитров или Џон Изнер би му стоеле на патот во четврт-финалето, а доколку се оди според планот во полу-финалето Надал ќе го чека Федерер.
Првиот Гренд-слем во сезоната, Австралија опен, ќе започне на 14.јануари.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи