Антовски: Власта во заминување ја партизира администрацијата, распиша оглас за вработување 30 лица во ЕЛЕМ
Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица.
На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители.
Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.
Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица.
Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар.
Буџетите на ЕЛЕМ и МЕПСО, наместо за изградба на нови капацитети и реконструкција на истите се користат за поткуп на гласачи.
Честите испади во електроенергетскиот систем што беа во Скопје и Битола, а пред 4 дена и половина Македонија остана без снабдување со електрична енергија, се доволен доказ дека СДСМ троши само за партиски вработувања, наместо за правилен развој и одржување на енергетските капацитети во земјата. Тоа е спротивно од она што го ветуваа пред да дојдат на власт.
Единствено не се знае до кога АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе можат да ја издржат оваа енергетска „авантура“ на власта во заминување!
Стевче Антовски, од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“