Антовски: Владата да најде механизам за затоплување на Скопје
Среде зима и среде енергетска криза, владата мора да изнајде механизам и да им помогне на компаниите за топлинска енергија да испорачаат греење на домаќинската и институциите.
Владата за тоа има можност со самото тоа што веќе таков чекор презеде во секторот за снабдување со електрична енергија, од Буџетот ќе се испумпаат 200 милиони евра за ЕЛЕМ.
Трите компании БЕГ, Топланата Скопје Север и ЕСМ енергетика, во интререс на граѓаните не смеат да бидат жртви на несовесно работење и долгови.
Почитувани, во 21 век под изговор на т.н. „оптимизиран“ режим, скопјани не ја добиваат потребната топлинска енергија. И покрај покачената цена од 14%, Скопје останува со ладни грејни тела.
Зошто РКЕ молчи за овој проблем?
Дали навистина компаниите испорачуваат топлинска енергија според Правилата за снабдување и Мрежните правила за дистрибуција на топлина?
Според овие акти во период од 6 до 22 часот во секој дом треба да се постигнува температура од 20 +1 степени целзиусови.
Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси, вклучувајќи го и БЕГ и Топлификација Скопје-Север?
Срамно е што државата дозволува граѓани корисници на греење од Топлана Север, да бидат жртви на долг од институција како Општина Чаир, и да ги остави без греење среде зима.
За потсетување, во ек е енергетска кризна состојба. Цената на природниот гас на којшто работат трите топлани, компании за обезбедување централно греење во Скопје, е неколукратно поскапен.
Државата мора да се грижи за своите граѓани, притоа редовни плаќачи на сметките за греење.
Едно е јасно! Со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент.
Се наталожија толку многу проблеми во енергетиката кои повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет институционално да ги реши овие проблеми.
Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции