Антонио Гутереш: Рохинџите се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситација
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска дека муслиманите Рохинџи, во Мјанмар, се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситуација.
Гутереш рекол дека нападите што мјанмарските безбедносни сили ги извршуваат врз селата на Рохинџите се “целосно неприфатливи“.
Генералниот скретар Гутереш побарал од властите во Јангун „веднаш да биде прекината воената акција“ .
Армијата на Мјанмар ги отфрла обвинувањата од меѓународната заедница и тврди дека воената акција е насочена само кон „терористите“ како што ги нарекуваат милитантните Рохинџи.
Армиските сили тврдат дека цивилнто население не е цел на нападите.
Околу 380 илјади Рохинџи, пребегнаа во соседен Бангладеш од почетокот на насилствата , што започнаа на 25 август, по убиството на 12 мјанмарски полицајци, за што се обвинуваат милитантните Рохинџи.
Меѓународни набљудувачи, како и новинари кои се наоѓаат во регионот, тврдат дека мјанмарската војска и милитантните будисти им се одмаздуваат на селаните, палејќи ги нивните куќи и уништувајќи ги селата, во настојуваање да спречат ниво враќање во Мјанмар.
Меѓународната јавност врши притисок врз нобеловката Аун Сан Су Чи, која фактички ја предводи земјата, по повлекувањето на воената хунта, но таа засега се огласи само еднаш неприфаќајќи ги обвинувањата за владата во Јангун.
Рохинџите се муслимани кои немаат своја држава и во Мјанмар тие живеат со децении, со непризнат статус на малцинска или верска заедница, затоа што мјанмарските власти инсистираат дека станува збор за бегалци кои нелегално се населиле во земјата, која е во најголем процент е будистичка.
Властите во Мјанмар не дозволуваат Рохинџите да го користат тоа име и бараат од нив да се нарекуваат Бенгалци.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување