Македонија
1. January 2024 - 14:52

Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Битола.

Битола може да очекува дека 2024 година ќе биде плодна и бериќетна. 

Во Клиничката болница во Битола и во приватната болница Плодност се родија две женски бебиња. 

Во приватната болница Плодност, првото женско новороденче во 2024 година се роди десет минути после полноќ и се вика Антонија. 

Првото бебе кое се роди во Клиничката болница во Битола во 2 часот после полноќ беше женско. Среќната мајка Сара Велјановска се породи по природен пат и на бебето му го даде името Илина. 

Другите две бебиња кои во Новата Година се родија во битолската болница се машки. 

Градоначалникот Тони Коњановски ги посети мајките и новороденчињата и во име на Општина Битола им подари пригодни подароци.