Македонија
12. јуни 2020 - 16:38

Антикорупциска утврдила дека ИВЗ не плаќала данок за обврзниците за денационализација на имот

Исламската верска заедница добила обврзници во вредност од 9 милиони евра, а не платила данок, утврдила Антикорупциска. Станува збор за обврзници исплатени од Министерството за финансии, компензација за имот кој не можел да се врати на име на ИВЗ. За ова, антикорупционерите вина гледаат во Централниот регистар. 

Антикорупционерите не се задоволни ниту од начинот на кој постапил обвинителот за случајот со  дивоизградените платформи на Матка, при тоа ослободувајќи го од одговорност градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Поради тоа побараа Советот на јавни обвинители да ја преиспита одлуката.

Антикорупционерите веќе истражуваат и тоа кои фирми и под какви критериуми добиле државна помош, односно дали поранешниот вицепремиер за економски прашања, а актуелен советник во Министерството за финансии, Кочо Анѓушев влијаел врз начинот на донесување на критериумите на утврдување на  мерките, со цел да си обезбеди поволности за своите фирми.