Македонија
7. July 2020 - 16:28

Антикорупциска побара одговорност за Филипче за користењето службен автомобил во партиски активности

Антикорупицска бара одговорност од министерот Филипче заради користење службено возило за партиски цели. Антикорупционерите го прифатија приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се тврди дека Филипче на 28 јуни со возило со сопственот на Агенцијата за разузнавање присуствувал на промоција на партиската програма на СДСМ во Штип. И покрај одговорот од Министерството за здравство дека истиот ден во Штип, Филипче имал и работни задачи, ДКСК бара Владата да утврди одговорност за работењето на министерот за здравство. 

Антикорупционерите ги одбија останатите два приговори на опозициската партија поднесени против Министеството за земјоделие и Агенцијата за млади и спорт.

Преку прес конференција пак ги повикаа члновите на ДКСК да ја испитаат исплатата кон невладините организации за време на изборната кампања во износ од 500 000 евра.

-СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра. ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите. Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?!, вели Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија тврди дека на ваков начин е прекршен Изборниот законик и Законот за спречување судир на интереси. Приговорите се веќе донесени до антикорупциската комисија, а ќе се разгледуваат на некоја од следните седници.