Антикорупциска отвори предмет за тендерот на Рашковски и за дивоградбите на Матка и во Охрид
Антикорупциска поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка.
По увидот на лице место и увидот во целокупната документација, Комисијата за спречување корупција утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.
Со ваквото непостапување, антикорупционерите сметаат дека е прекршен законот за локална самоуправа. Покрај постапката за кривично гонење, антикорупциска исто така ќе испрати и предлог до Владата обврските на општината да ги превземе Министерството за транспорт и врски, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја прогласи Матка за заштитено подрачје.
На денешната седница Комисијата исто така на сопствена иницијатива оформи предмет за дивоградбите во општина Охрид и за спорниот тендер на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за набавка и инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција