Кошарка
26. September 2015 - 9:24

Антиќ: Во САД царува расизам!

Перо Антиќ влезе во историјата на македонската кошарка како прв наш претставник во НБА лигата каде го носеше успешно дресот на Атланта. 

Антиќ со екипата на Фенербахче се наоѓа во Задар на турнир и за медиумите откри дека Америка сепак не е земја од соништата. Посебно лошо Антиќ се чувствувал при апсењето во Њујорк заедно со Табо Сефолоша:
- Бевме на погрешно место во погрешно време, но во НБА ноќните излегувања не се забранети. Табо излезе од возилото за да му даде 20 долари на скитник и одеднаш полицијата почна брутално да го турка. Излегов да видам што се случува, па има само „20 кила“. Тоа беше чист расизам, кој владее во Америка. Табо е црнец, а сите полицајци беа белци. Не сакав да го оставам сам, па и мене ме приведоа. Никогаш не добивме објаснување за нивното однесување. Полицијата таму убива луѓе, а ништо не се случува. Бев во Њујорк на почетокот на септември и расчистив се. И јас можев да ги тужам, но сакав што побрзо да ги тргнам тие лоши работи од мојот живот - потенцира Антиќ кој откри дека една од причините што си заминал од Америка е што очекуваат заедно со сопругата уште еден син.