Антиисламистите во Австралија формираа партија

Во јужниот австралиски град Перт денеска ќе се одржи основачкиот конгрес на десничарската партија Австралиска алијанса за слобода (АЛА), чија главна парола е „борба против исламизација на земјата“, јави ТАСС.
Претставникот на партијата Ендрју Хорвуд за локалните медиуми изјави дека приврзаниците на Алијансата се уверени дека „Исламот во неговата сегашна форма не одговара на темелните вредности на Австралија“.
- Нашата земја ја убива политичката коректност, по која сите треба да мислат исто, а отворено не може да се зборува за многу работи, смета тој.
Конгресот ќе биде одржан во една зграда во Перт, чија адреса учесниците не ја соопштија поради страв за безбедноста на почесниот гостин, ултрадесничарскиот политичар од Холандија Герт Вилдерс.
Австралиската Влада на почетокот не сакаше да му издаде влезна виза, но во последен момент тоа сепак го стори, со образложение дека станува збор за „почитување на слободата на говорот“.
- Подобро ќе беше воопшто да не доаѓаше, но заради слободата на говорот немаме намера да го попречуваме организирањето на неговиот престој кај нас, изјави претставникот на Владата на државата Западна Австралија, Колин Барнет, прецизирајќи дека на Вилдерс му е забрането организирање какво било настан во зградите кои и припаѓаат на западноавстралиската Влада.
АЛА веќе е регистрирана во националната изборна комисија и има намера да истакне свои кандидатури на претстојните избори, што веројатно треба да бидат одржани во втората половина на следната година.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
