Анонимните му објавија војна на Трамп
Хакерската група Анонимните објави сеопшта војна против претендентот за номинација на Републиканската партија за изборите во САД, Доналд Трамп и ги повика останатите хакери-активисти да се обединат против американскиот милијардер, со тоа што на 1 април ќе ги нападнат сите негови сајтови.
Анонимните на Трамп му објавија војна преку директно обраќање во најнова видео снимка.
- Драг Доналд Трамп, те набљудуваме веќе подолго време и она што го гледаме е мошне вознемирувачко. Го шокираше целиот свет со своите ужасни дела и идеали, вели на снимката еден маскиран хакер.
Тој потоа им се обраќа на хакерите-активисти и граѓани, велејќи: „Ова е повик за оружје. Потребно ни е да ги урнете неговите сајтови, истражете и разоткријте го она што тој не сака јавноста да го знае. Потребно ни е да ја разбиете неговата кампања и да го саботирате неговиот бренд“.
Снимката завршува со порака за Трамп: „Ова не е предупредување, ова е објава на сеопфатна војна“.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд