Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе сослушува сведоци и експерти
Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи.
Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи минатата недела изјави оти очекува до 3 ноември да заврши сослушувањето на сведоците, по што во период од 30 дена, треба да се разгледа целата документација и заклучоците да се достават до Собранието.
Досега пред Анкетната комисија зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици-министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување.
Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.
Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.
Ново на Сител
-
Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
-
Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
-
Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер
-
Џонсон одби да признае дека Трамп ги загубил изборите во 2020
-
Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со умерена облачност, до 27 степени
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона