Свет
10. October 2016 - 8:41

Анкетата на „Си-Ен-Ен“ покажа дека Клинтон победила во втората дебата со Трамп

Хилари Клинтон го победи Доналд Трамп во втората дебата на кандидатите за претседател на САД во Сент Луис, Мисури, покажуваат податоците од спроведената анкета на телевизијата „Си-Ен-Ен“. 

Резултатите покажуваат дека 57 отсто од анкетираните посочиле дека кандидатката на демократите е победник, додека 34 проценти гласале за Трамп. 

Анкетата нема општонационален карактер, а во неа преовладувале приврзаници на Демократската партија, забележа „Си-Ен-Ен“.