Македонија
15. October 2016 - 14:50

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 27,6% - СДСМ 16,1%

 
Над 40% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, покажува најновата анкета на Институтот Димитрија Чуповски. Според анкетата само 14,8 од анкетираните очекуваат победа на СДСМ.
 
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и натаму гарантира победа од близу 200.000 гласа разлика. 27,6% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ додека 16,1 би го дале својот глас за СДСМ. Рејтингот на ДУИ 3 6,3%, на ДПА 2,9 а за ниедна партија нема да гласаат 22,8% од анкетираните, додека 17,4% се уште не се одлучиле.
 
Груевски е убедливо најпопуларен политичар. Неговиот рејтинг повторно е над 30%, додека Заев има повеќе од 3 пати помала доверба од граѓаните.
 
53,2% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра економска програма, додека 23,6% сметаат дека подобри економски проекти нуди СДСМ.
За граѓаните економијата е најголемиот проблем. Дури 65,4% се согласиле со ова. За 6,1% најголем проблем е унапредувањето на слободата и демократијата, 6,7 незачленувањето во НАТО и ЕУ, а за 3,9% спорот со името.
Дури 59,2% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може повеќе да помогне во решавањето на овој проблем, наспроти 20,1% кои сметаат дека СДСМ би биле подобри за решавање на проблемот. 
Анкетата на институтот Димитрија Чуповски е спроведена телефонски во периодот меѓу 7 и 19 октомври врз репрезентативен примерок од 1237 испитаници.