Анкета: Србија е најголем пријател на Македонија, САД и ЕУ се најголеми поддржувачи, Сител прв избор за инфомирање
Србија е најголем пријател на Македонија, покажува истражувањето на Преспа институтот.
Такво мислење имаат 45 проценти од анкетираните, а потоа следат Косово, Албанија и Црна Гора. Бугарија како пријателска ја гледаат само 0,2 отсто од граѓаните.
САД и ЕУ и натаму се сметаат како најголеми демократски и економски поддржувачи на земјава, но над 30 проценти би гласале против влегувањето во Унијата доколку сега би имало референдум.
Половина од испитаниците сметаат дека за блокадите на европскиот пат се виновни соседите, додека за внесување на други заедници во Уставот мислењата се поделени.
Граѓаните најмногу се информираат од телевизите дури 48 проценти, при што најголема доверба во третирање на геополитичките и надворешните прашања имаат во СИТЕЛ ТВ.
Истражувањето е спроведено телефонски во арил и мај врз репрезентативен примерок од 1.500 испитаници.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар