Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја

Процентот на луѓето во Украина кои ги сметаат САД за пријателска земја се намали и изнесува 13 отсто, покажа социолошкото истражување спроведено од истражувачката агенција Gradus Research на 1. март меѓу 1.000 испитаници.
Речиси половина (46 отсто) од Украинците се уверени дека Украина ќе може да ја продолжи борбата против руската агресија и покрај намалувањето или прекинот на американската помош, но повеќе од една третина од испитаниците (36 отсто) сметаат дека тоа нема да биде така.
Исто така, по тензичната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски, има одредено влошување на односот на Украинците кон САД: само 13 отсто од анкетираните ги сметаат Соединетите држави за пријателска земја, додека 29 отсто ги етикетираат САД како непријателска држава.
Забележано е дека, во контекст на неодамнешните настани, поддршката за Зеленски во Украина е зголемена, со рејтинг од 49 проценти. Значително е зголемено и нивото на оценка дека работите во земјата се движат во вистинска насока (44 отсто во споредба со 36 отсто во декември 2024 година). Во исто време, Украинците сè уште веруваат дека не треба да се одржуваат избори за време на војната (показателот се зголеми на 58 проценти во споредба со минатонеделното мерење од 52 проценти).
Анкетата покажа дека украинските граѓани се уште се надеваат на крај на војната до крајот на 2025 година. Овој показател значително се зголеми кон крајот на 2024 година со победата на Трамп на изборите во САД и се уште останува на високо ниво.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
