-->
-->
Анкета: Рекордна поддршка за ултрадесница во Германија
-->
Националистиката антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (АФД) би освоила рекордни 16 проценти од гласовите доколку сега се одржат федерални избори, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење во Германија.
Пред почетокот на бегалската криза лани летото АФД беше соочена со распад откако падна под три отсто доверба од германските граѓани по што за само една година успеа за повеќе од петпати да го зголеми својот рејтинг.
Според анкетата на јавниот сервис АРД, Големата коалиција составена од ЦДУ/ЦСУ и СПД сеуште е во позиција да формира влада со 54 проценти од гласовите (ЦДУ/ЦСУ 32 и СПД 22) но таа би имала далеку помало мнозинство од сегашната Влада, што беше избрана со над 67 проценти поддршка во 2013 година.
И покрај нападите од сите други германски партии за својата националистика политика АФД, што е формирана пред три години, продолжува да ја зголемува поддршката во сите делови од земјата. Во моментов оваа партија е дел од 10 од вкупно 16 покраински парламенти пред се благодарение на политиката на отворени врати за бегалците на канцеларката Ангела Меркел, но и поради агресивната кампања во која АФД инсистира на германските традиции кои што досега беа табу тема и се поврзуваа со неонацистите на Хитлер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата