Анкета: Повеќето Европејци сакаат пратениците да бидат заменети со вештачка интелигенција
Повеќето Европејци би сакале некои членови на парламентите во одделни земји да бидат заменети со вештачка интелигенција (ВИ).
Истражувачи од Центарот за управување со промени при приватниот шпански универзитет, Универзитет ИЕ (IE University), анкетирале 2.769 лица од 11 земји низ целиот свет, прашувајќи ги како би се чувствувале за намалувањето на бројот на членови во националните парламенти на нивните земји, давајќи им ги овие места на вештачката интелигенција кои ќе имаат пристап до нивните податоци.
Резултатите, објавени денеска, покажуваат дека и покрај јасните и очевидни ограничувања на ВИ, 51 отсто од Европејците одговориле дека се за таков потег.
Оскар Џонсон, академски директор во Центарот за управување со промени на Универзитетот ИЕ и еден од водечките истражувачи, за телевизијата Си Ен Би Си изјави дека речиси „една деценија се забележува намалување на довербата во демократијата како форма на владеење“.
– Причините се најверојатно поврзани со зголемената политичка поларизација, филтер-балоните и расцепканоста на информациите, истакна Џонсон.
Анкетата покажа дека идејата е особено популарна во Шпанија – 66 отсто од испитаниците ја поддржуваат. Во Италија, 59 отсто од испитаниците биле „за“ таа идеја, а во Естонија – 56 отсто.
Во Велика Британија, дури 69 отсто од анкетораните се изјасниле против идејата, додека 56 отсто биле против во Холандија и 54 отсто во Германија. Надвор од Европа, околу 75 отсто од испитаниците во Кина ја поддржаа идејата за замена на парламентарците со вештачка интелигенција, додека 60 отсто од американските испитаници не се согласуваат со тоа.
Мислењата, исто така, драстично се разликуваат зависно од возраста – над 60 отсто од Европејците на возраст од 25-34 години и 56 отсто од оние на возраст од 34-44 години ја поддржаа идејата, додека мнозинството од испитаниците постари од 55 години не сметаат дека тоа е добра идеја.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила