Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија

Мнозинство Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, покажуваат резултатите од анкетата на институтот ИНСА, нарачана од германскиот весник „Билд“.
ДПА пренесува дека само 24 отсто од испитаниците рекле дека го гледаат Трамп како сојузник, додека 61 отсто го етикетирале американскиот претседател како закана за земјата.
Во репрезентативната анкета спроведена на околу 1.000 испитаници, 15 отсто од нив немале одговор на ова прашање..
Анкетата, исто така, покажа дека Германците сакаат владата на канцеларот Фридрих Мерц да заземе поцврст став кон Вашингтон, при што 52 отсто се залагаат за поцврст пристап, а 31 отсто ја сметаат соработката за правилен пат.
Анкетата е спроведена во четврток и петок, во услови на високи тензии меѓу Европа и САД околу спорот за Гренланд.
Трамп оттогаш ја повлече својата закана за воведување царини на осум европски земји, вклучувајќи ја и Германија поради неговото барање за контрола на САД врз арктичката територија што ја администрира Данска.
МИА
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
