Анкета: Неизвесен победникот на изборите во Грција

Само две недели пред предвремените избори во Грција, кои ќе се одржат на 20 септември, анкетите покажуваат дека победникот не е сигурен, со оглед на тоа што најголемите партии Сириза и Нова демократија се многу блиску со проценти, јави дописникот на МИА од Атина.
Истражување што го спроведе „Капа рисрч“ за неделното издание на „То Вима“ покажа дека за Сириза би гласале 26,5 проценти од гласачите, за Нова демократија 25,9 отсто, за Златна зора 6,5, Потами 5,1, Комунистичката партија на Грција 5,3, за Независни Грци три проценти, ПАСОК 5,8, Национално единство 4,7, Унија на центристи 3,5, за други партии 2,1 и неопределени се 11,6 проценти од Грците.
Вкупно 46,1 проценти од испитаниците сметаат дека Сириза ќе победи, 34,5 отсто мислат дека тоа ќе биде Нова демократија, 1,5 отсто веруваат дека тоа ќе биде некоја друга партија, додека 17,9 не можат да се одлучат.
Главната порака на лидерот на Сириза Алексис Ципрас е дека тој го претставува „новиот“ и бара од гласачите да не се враќаат кон стариот политички ситем. Анкетата покажа дека 36,6 проценти се согласуваат со оваа негова изјава, додека 56,3 не се согласуваат. Слично на ова, 39 проценти го поддржуваат ставот на Евангелос Меимаракис дека Нова демократија ќе обезбеди неопходна политичка стабилност, додека 54,8 не се согласуваат.
Од минатата недела зголемена е и популарноста на Меимаракис, и за првпат го помина Алексис Ципрас. Така 44,8 проценти од гласачите го фаворизират Меимаракис, за Ципрас се 44 проценти, Теодоракис има 36,1, Фофи Генимата 35,9, а Панос Каменос ја има поддршката од 25,7 проценти од гласачите.
На прашањето кој е посоодветен премиер, Алексис Ципрас доби 37,2 проценти од гласовите, Меимаракис 35,2 отсто, 21,7 одговориле „ниту еден“, а 5,9 биле неодлучни. Во претходната анкета Ципрас доби 40,5 од гласовите, додека Меимаракис 33,1 проценти.
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
