Македонија
8. December 2023 - 18:12

Анкета на Икс: Доволен (2) за судството и Владата, граѓаните најмногу се информираат преку ТВ

Истражувањето на Институтот за комуникациски студии покажува дека судството, со оценка 2,4, има најниска доверба кај граѓаните. Собранието има 2,7, а Владата од граѓаните добила оценка 2,8. 

Најдобра оценка има Армијата, 4,9, а втори на листата се верските заедници со 4,4.

Оценувањето било на скала од 1 до 10. 

На прашањето дали сметаат дека Јавното обвинителство редовно започнува постапки по допрен глас, во целост или делумно се согласиле само 6,1% од учесниците во ова истражување, додека повеќе од две третини или 73% изразиле несогласување. 

Помалку од 1% од сите учесници во истражувањето потполно се согласуваат со тврдењето дека обвиненијата покренати од Јавното обвинителство редовно добиваат судска разрешница. 

Помалку од 1% од испитаниците сметаат дека пратениците секогаш се грижат за граѓаните што ги претставуваат, додека 58,4% сметаат дека пратениците никогаш не се грижат за граѓаните. 

Само 2,5% од учесниците потполно се согласуваат со тврдењето дека Владата работи отворено и етички, повеќе од две третини воопшто не се согласуваат со ова тврдење. 

На прашањето колку се согласуваат или не се согласуваат со тврдењето дека Владата често има изговори за партиските функционери кои се однесуваат несоодветно, една четвртина од испитаниците потполно се согласуваат. 

Најчест извор за добивање на информации за учесниците во истражувањето е телевизијата, односно ваков одговор дале 66,2%. Социјалните медиуми ги посочиле 57.3%. Значително помал процент се информираат преку онлајн агрегати на вести и веб-страници. 

Анкетното истражување е спроведено на репрезентативен примерок од учесници, на возраст од над 18 години, од сите региони во државата, преку телефонска анкета во периодот од 20 октомври до 14 ноември годинава.